+389 71 206 076 Излез на терен · цела Македонија
Најчесто прашувани

Одговори на прашањата што ги слушаме секоја недела

Рокови, цени, инспекции, изведба. Ако нешто не е тука — прашајте директно, одговараме истиот работен ден.

Рокови и прегледи

Што мора да се проверува и колку често

Тука најчесто се губи документација — рокови по тип на опрема.

Визуелниот преглед се прави годишно, а периодичното испитување на садот под притисок и замената на средството имаат рок што зависи од типот на апаратот. Ние водиме евиденција по објект и ве известуваме пред да истече рокот — за да не дознаете од инспекција.

Проверка на притисок и тежина, состојба на цревото, млазницата и сигурносната игла, проодност на излезот, заптивки, како и место и видливост на апаратот. На крај добивате налепница со датум и сервисен лист за вашата документација.

Да. Хидрантската мрежа се испитува на притисок и проток, што е сосема различно мерење од прегледот на апаратите. За него добивате посебен извештај со измерени вредности — тоа е документот што го бара инспекцијата.

Правно, одговорноста е на сопственикот или управителот на објектот. Затоа наша работа е да не дозволиме да се стигне до тоа: пред секој рок добивате најава по телефон и мејл, и предлог термин за излез.

Може и тоа е чест случај. Првиот излез е попис: што има, што работи, што е за отпис и што законски недостига. Добивате листа со приоритети — што веднаш, што може по фази.

За објекти во работа — производство, трговски центри, хотели — сервисот го правиме во договорен термин, вклучително вечер или на неработен ден, за да не прекинуваме операции.

Цени и понуди

Како се формира цената и што влијае врз неа

Без површина и вид на објект секоја цена е погодување.

Апаратите и опремата имаат фиксна цена и таа е видлива. Системите — спринклер, дојава, AI детекција — се проектираат по објект: површина, распоред, висина, намена и постоечка инсталација ја менуваат цената повеќекратно. Пишување на „од“ цена тука само би заблудило.

Види производи со цена

Излезот, мерењето и понудата се без надплата и без обврска. Плаќате само ако се одлучите за изведба или сервис.

Минимум: вид на објект, приблизна површина и град. Ако имате проект, катна основа или слики од постоечката опрема — уште подобро, тогаш првата понуда е речиси конечна.

Пратете податоци

Стандардно 30 дена. Ако во тој период има промена кај увозни компоненти, ве известуваме пред да потпишете, а не по фактура.

Да. Кај поголеми објекти најчесто се работи по фази — прво законски минимум и најризичните зони, потоа останатото. Планот го пишуваме заедно со вас, со цени по фаза.

Да, работиме со правни лица, буџетски корисници и станбени заедници, со фактура и договор за одржување ако е потребно. Рокот на плаќање се договара во понудата.

Изведба и проекти

Како изгледа работата од понуда до предавање

Иста екипа од мерење до пуштање во работа.

Да. Го работиме и проектот и изведбата, што значи еден одговорен наместо двајца што се префрлаат вина. Ако веќе имате проект од друг, го прегледуваме и изведуваме по него.

Види услуги

За стан или помал деловен простор — еден до два дена. За објект од неколку илјади квадрати со зони и централа — обично две до четири недели, со точен план по денови во понудата.

Да, излегуваме на терен во целата држава. Кај поодалечени објекти термините ги групираме по регион, така што понекогаш предлагаме датум што ни е логистички поблизок — а вам поефтин.

Работиме по зони и во смени, со привремена покриеност на зоната што е во интервенција. Ова се планира пред почеток и стои во договорот, не се решава во моментот.

Да. Пробивањата, носачите и кабелските трасите се затвораат и обработуваат. Предавањето е со заедничка обиколка и потпис — ако нешто не е како што треба, се решава пред фактура.

Ние, на самиот објект, со вашата опрема — не со презентација. Обуката е практична: кој апарат за кој пожар, како се активира, што се прави прво и каде се јавува.

Обука за ракување
AI систем

Прашања околу детекцијата со камери

Најновата услуга и најмногу недоверба — што е оправдано.

Класичниот детектор реагира кога чадот или температурата стигнат до плафонот. Камерата гледа пламен и чад во просторот, што значи откривање во секунди наместо во минути. Кај високи хали и отворени простори разликата е најголема.

Види AI систем

Во дел од случаите да, ако резолуцијата и позицијата се доволни. На првиот излез го гледаме тоа конкретно и ви кажуваме што може да се искористи, а што мора да се додаде.

Системот се калибрира по објект, во период на набљудување пред активно алармирање. Тоа е причината зошто првите недели се дел од изведбата — за да се тргнат искри од заварување, рефлексии и слични појави од листата на аларми.

Да, може да се спари со системи за автоматско гасење по зона. Дали тоа е препорачливо зависи од содржината на просторот — некаде е сакано, некаде е поштетно од самиот пожар. Одлуката се носи во проектот.

Снимките остануваат кај вас, на локална опрема, освен ако изрично не побарате друго. Пристапот и рокот на чување се дефинираат во договорот — тоа е ваша, не наша евиденција.

Работи на резервно напојување, а централата регистрира и известува за прекин на врска. Неисправниот систем што молчи е поголема опасност од системот што го немате — затоа известувањето за грешка е задолжително.

Најбрзиот одговор е излез на терен.

Го гледаме објектот, ја мериме состојбата и пишуваме што точно е потребно — без обврска.

Побарај понуда